Септемвриска сесија

Распоред за септемвриска сесија

 

  Преземи распоред

 

 
Придружете ни се!
 
Акредитирани студиски програми на Факултетот
Студиските програми кои се акредитирани на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи - Битола од Одборот за акредитација при Министерството за образование и наука на РМ:
 
- Менаџмент на информациски системи за прв циклус на студии, со Решение Сл. 12 од 10.06.2008 год.

- Менаџмент на информациски системи за втор циклус на студии, со Решение Сл. 12 од 10.02.2009 год.

- Јавна администрација за прв циклус на студии, со Решение Сл. 12 од 10.06.2008 год.

- Јавна администрација за втор циклус на студии, со Решение Сл. 12 од 10.02.2009 год.

- Инженерство и менаџмент на софтверски апликации за прв и втор циклус на студии, со Решение Сл. 12 од 17.03.2009 год.

- Администрирање со јавни политики за прв и втор циклус на студии, со решение Бр. 12-129/2 од 25.02.2010 год.
 
Ден на Европа

 По повод 9- ти Мај, Денот на Европа, на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола во чии рамки функционира EUi, во согласност со активностите на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, ќе бидат реализирани следните активности:

 



05.05.2010 (среда)

12:00 -  Предавање пред студентите од страна на  Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Неговата екселенција, г-нот Ален Брајан Бергант, на тема „Искуството на Република Словенија при зачленувањето во Европската Унија ”.

13:30 - Панел- дискусија на тема: „Прекугранична соработка на Република Македонија со Република Грција.“ (Учесници: проф. д-р Жидас Даскаловски, модератор; пом.асс. м-р Младен Караџоски, презентер; претставници на невладиниот сектор и претставници од Општина Битола)

 

      06.05.2010 (четврток)

12:00 – Дебата на тема: „ Дали земјите - членки на ЕУ треба да ги зголемат правата на мигрантите?“, организирана во соработка од Дебатниот клуб на Факултетот.

 

      07.05.2010 (петок)

12:00 – Симулација на интернационална дебата, на тема: „Влијанието на Интернетот врз модерното општество“, организирана од лекторите по странски јазици, вработени на Факултетот.
 
Студентска пракса во Словенечката амбасада

Во рамките на воспоставената соработка на Факултетот за aдминистрација и менаџмент на информациски системи - Битола со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, а со огромна помош и залагање на Генералниот почесен конзул на Република Словенија во Битола г-н Михаило Мојсов и словенечкиот Конзул г-н Томаж Тробентар, во периодот на месеците јули и август 2009 година реализирана е пракса на студентите од Факултетот во словенечката Амбасадата во Скопје.  Студентите во текот на практичната работа имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на една Амбасада во рамките на  ЕУ, а потоа нивните искуства им ги  пренесоа и на останатите студенти.
На задоволство на двете страни договорени се бројни активности за во иднина, како и воспоставување  на позитивна практика за реализација на студенската пракса секоја наредна година во истиот период.

Ваквата активност позитивно беше поздравена од Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, г-нот Ален Брајан Бергант.

 
Од посетата на Амбасадорката на СР Германија

 Амбасадорката на СР Германија, нејзината екселенција г-ѓа Улрике Кноц во вторникот на 27.10.2009 година го посети ФАМИС.
Деканот проф.д-р Виолета Маневска и продеканите проф.д-р Димитар Ефтимоски
и доц.д-р Драган Груевски во кус информативен разговор ја запознаа Амбасадорката со историјатот, структурата, профилот и развојот на ФАМИС. Амбасадорката се заблагодари на срдечниот прием и ја истакна важноста на оваа единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ за приближување кон ЕУ. Средбата ја организираше и на истата преведуваше д-р. Валентина Илиева – лектор по германски јазик на ФАМИС.

 

Соопштенија

Конечна ранг листа од првиот уписен рок

 
Втор циклус (последипломски) студии
Рокови за пријавување:
Прв уписен рок: од 6 до 14 септември 2010г
Втор уписен рок: од 4 до 12 октомври 2010г
Преземи КОНКУРС(.pdf)
 
Потребни документи за пријавување и запишување

 
Пријавување на испити за септемвриска сесија

Пријавување на испити од септемвриската испитна сесија ќе се врши во следните денови:


19.08.2010,
20.08.2010,
23.08.2010.

 
Септемвриска сесија

Распоред за септемвриска сесија

 

  Преземи распоред

 

 
Зборник на трудови на ФАМИС

Зборник на трудови на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи

 

 Година II БР. 02

 

 

CEEPUS

Erasmus Mundus

Запиши се на ФАМИС!

ФАМИС IntraNet






Си ја заборавивте лозинката?

ФАМИС Case Study Club

Famis Case Study Club

ФАМИС Дебатен Клуб

Анкета

Колку често го посетувате сајтот на ФАМИС?
 

Моментална посетеност

Имаме 5 гости на оваа страница